Идеални услови за есенска сеидба

10.11.2014 10:21

Годинава временските услови се идеални за реализација на есенската сеидба. Иако е веќе почната единствено дождовите можно е накратко да ја прекинат...

По дождовите земјоделците ќе можат да продолжат со есенската сеидба. Метеоролозите предвидуваат стабилно време со магла и облачност во одделни котлини.

Евентуалните врнежи само за кратко ќе ја прекинат сеидбата која се изведува во оптимални почвени и временски услови.

Сувото и стабилно време ќе овозможи нормален тeк на работите, а температурите на воздухот и на почвата поникнување на посеаните ниви.

Исто така доволно влага има и за овошките и лозите добро да се подготват за презимување.

 

Методија Трајков