Неформално: Каталонците гласаа за отцепување од Шпанија
Жителите на шпанскиот богат североисточен регион се свесни дека овие консултации за независност немаат правно значење, но каталонските националистички власти веруваат дека тоа во иднина може да има политичка тежина, при определувањето на идните чекори на Каталонија кон Мадрид и централната влада.

Одѕивот на неформалниот референдум во Каталонија ја потврди фактичката состојба. Два милиони граѓани излегаа да гласаат, од нив милиони и шестотини се изјасниле дека ја подржуваат идејата за независност. Останатите не се заинтересирани за овој процес.
„Не сум воодушевен.“
„Ние сакаме да покажеме дека однесувањето на владата на Шпанија не е исправно.“
„Не сум заинетересиран за овој процес.“
„Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, за ова се боревме многу години“, велат гсачите.
Жителите на шпанскиот богат североисточен регион се свесни дека овие консултации за независност немаат правно значење, но каталонските националистички власти веруваат дека тоа во иднина може да има политичка тежина, при определувањето на идните чекори на Каталонија кон Мадрид и централната влада.
„Се надевам дека здравиот разум ќе надвладее и дека ќе бидеме разбрани за она што го правиме во Каталонија. Првата порака до меѓународната заедница е дека и покрај тешкотиите, ние сме тука. Многу луѓе гласаа. Втората порака е дека заслужуваме право на глас во официјалниот референдум“, изјави премиерот на Каталонија, Артур Мас.
По гласањето се огласи и шпанското министерство за правда.
„Сведоци сме на чиста пропаганда која нема правно дејство и служи за зголемување на желбата за поделба на Каталонците и напнати политички односи во и надвор од Каталонија“, рече Рафаел Катала, министер за правда на Шпанија.
Каталонија бараше да се одржи референдум за независност, по примерот на Шкотска, но шпанскиот Уставен суд забрани одржување на официјален референдум и го блокираше гласањето, за што Владата на Мас одлучи 9-ти ноември да го искористи како контролен тест и неформално да се изјасни за статусот на земјата.
Маријана Димовска
