Кавадарци во шок по трикратното убиство- убиецот сеуште не е приведен!
Тони порано бил вработен во единицата за брза интервенција „Алфи“. Според изјавите на неговите пријатели, не можеле ни да претпостават дека Станоев е способен за такво злосторство...

Кавадарци е сеуште во шок, по синоќешното трикратно убиство. Четириесет годишниот кавадарчанец Тони Станоев, пукал во сестрата на неговата сопруга, триесет и тригодишната Снежана, а ги убил и нејзината мајка Билјана, 56 години, и татко и Илија, 61 година.
Трагедијата се случила во семејната куќа на убиените. Убиецот е поранешен зет на застреланите.
Тони порано бил вработен во единицата за брза интервенција „Алфи“. Според изјавите на неговите пријатели, не можеле ни да претпостават дека Станоев е способен за такво злосторство.
Последна вест од МВР- убиецот сеуште не е приведен!