Ракот на простатата- втора причина за смртност кај мажите
Втора причина за смртноста кај мажите во земјава е ракот на простатата, кој најчесто ги погодува по 50-тата година. Годишно заболуваат по 70-тина пациенти. Статистиката покажува- не се оди на редовни прегледи...

Срамот може да биде фатален особено за посилниот пол. Ова го тврдат уролозите кои секојдневно се среќаваат со пациенти кои ненавремено дошле да си го проверат сопственото здравје. Сексуално преносливите инфекции кај помладите, но и уринарните инфекции и ракот на простата кај постарите се закани од кои често страдаат мажите. Граѓаните, поделени околу одржувањето на сопственото здравје.
„Нема навика, но во секој случај пробуваме да се придржуваме кон други навики за поздрав живот... Па не знам ни кој ми е матичен, воопшто не одам на прегледи...Одам онолку колку што е потребно, велат граѓаните...“, велат анкетираните граѓани.
Поголема хигиена, употреба на медицински сапун и заштитен сексуален однос како едни од превентивните мерки за спречување на болести кај мажите. исто така, лекарите апелираат за редовни медицински прегледи.
„Во главно пациентите се јавуваат на преглед со присутна симптоматологија, но тоа треба да биде позачестена посета без да има симптоматологија, за една контрола на урогенирталниот тракт“, вели спец. д-р Марјан Кузманоски, уролог.
Статистиката во Македонија покажува дека ракот на простата е втора причина за смртност кај мажите, кој најчесто ги погодува по 50 година. Годишно заболуваат околу 70 пациенти, но кај дури 90% се открива во терминална фаза кога лекувањето е невозможно.
Катерина Давчева
