Стопанската комора и ФФМ ја зајакнуваат соработката

10.11.2014 08:52

Ќе потпишат Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност...

Стопанската комора на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе потпишат Меморандум за соработка во насока на унапредување на корпоративната општествена одговорност. 
 
На прес-конференцијата, што по тој повод ќе се одржи во Комората, ќе присуствуваат Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски.