Убавината на постоењето низ трилогијата на Живко Aндревски
Живко Андревски е наш познат аналитичар во областа на новинарството, комуникациите и политичките процеси...

Во животот е убаво да се вреднува минатото, да се надева на иднината и да се живее сегашноста. Убавината на постоењето е онаа златна нишка што ги поврзува трите неодамна објавени книги на Живко Андровски- трилогијата „Дворот е радост“, „Лелекот е лек“ и „Самецот е мислител“.
Во текот на денот ќе се соочите со многу ситуации – некому се родило дете, друг изгубил пари, трет го напуштила саканата личност. Убаво или грдо, симпатично или неподносливо, сето тоа им се случува само на живите луѓе, ќе запише авторот.
Живко Андревски е наш познат аналитичар во областа на новинарството, комуникациите и политичките процеси. Сега е професор на Европскиот универзитет во Скопје. Вели дека пишувањето за убавината на животот и воопшто книжевноста ја омекнува душата, ја прави потопла и понежна.
Лидија Мешкова
