Харков: Најмалку 8 лица повредени во експлозија во кафуле
10.11.2014 11:47
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Фредерика Могерини изрази загриженост поради состојбата во Украина...

Најмалку осум луѓе се повредени во силната експлозија во кафуле во Харков. Се уште не е позната причината.
Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Фредерика Могерини изрази загриженост поради состојбата во Украина и се поголемиот број на воена опрема на територијата која е под контрола на проруските бунтовници.
Могерини ги повика двете страни да го почитуваат договорот потпишан во Минск.
