По две годишни тензии, лидерите на Јапонија и Кина на средба
10.11.2014 11:57
Тоа е прв чекор во подобрување на односите меѓу двете земји, соопштија официјалните лица...

По повеќе од две години тензии поради територијалниот спор во Источно Кинеско Море, лидерите на Јапонија и Кина, Шинзо Абе и Ши Џи Пинг се сретнаа и разговараа во Пекинг.
Тоа е прв чекор во подобрување на односите меѓу двете земји, соопштија официјалните лица.
Двајцата лидери се договориле да се воспостави телефонска линија наменета за спречување на конфликтите меѓу двете земји.
