Без Ибраими и против Словачка
Ѓуровски нема да повика нов фудбалер на местото на напаѓачот на Марибор бидејќи според него има доволно алтернативи во нападот...

„Тоа е хендикепт за нас, но кого го нема, без него се може и се мора“-вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски откако е потврдено дека Агим Ибраими поради пневномија нема да може да и се приклучи на нашата селекција на подготовките за претстојниот натпревар од квалификациите за европското првенство против Словачка.
Ѓуровски нема да повика нов фудбалер на местото на напаѓачот на Марибор бидејќи според него има доволно алтернативи во нападот. Стојков игра одлично, Јаховиќ е ефикасен, а тука се и сите други,се надевам здрави, дополнува Ѓуровски.
Со повеќе проблеми поради отсуство на дел од повиканите фудбалери се соочува и селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски.
Аврамовски ,Асани и Денковски поради повреди нама да присуствуваат на подготовките во Охрид за пријателскиот натпревар со Црна Гора на 16-ти ноември во Скопје на теренот во комплексот„ Куќа на фудбалот“.
Ден порано на 15-ти месецов на арената Филип Втори од 20 часот и 45 минути ,нашите најдобри фудбалери по дебаклот од Шпанија,победата над Луксембург и минималниот пораз од Украина ќе го одиграат четвртиот ,можеби еден од клучните , евроквалификациски натпревар против селекцијата на Словачка.
