Кошарка – НБА

Прв пораз на Голден Стејт!

10.11.2014 12:30

Последната којашто загуби е Голден Стејт и тоа кај Феникс со 107:95. 26-те загубени топки се главната причина за првиот пораз на „Вориорс“по стартните пет триумфи...

Нема веќе непоразена екипа во НБА лигата. Последната којашто загуби е Голден Стејт и тоа кај Феникс со 107:95. 26-те загубени топки се главната причина за првиот пораз на „Вориорс“по стартните пет триумфи. Иако гостите водеа во поголем дел од натпреварот, со извонредната последната четвртина којашто ја добија со 36:16, „Санс“ го остварија четвртиот триумф. Најзаслужно беше триото Томас со 22, Драгиќ со 19 и Морис со 17 поени.

Конечно на победа се израдуваа „Лејкерс“. 107:92 против Шарлот благодарение на Коби Брајант и на Лин кои постигнаа по 21 кош.

Филаделфија пак, се уште е единствената екипа без триумф. Седмиот пораз на „седумдесетишестките“ е на гости кај лидерот во „Источната конференција“, Торонто со 120:88. Во шестата победа на „Репторс“ најмногу поени – 24, вгради ДеРозан.     

Во другите натпревари: Детриот – Јута 96:97, Оклахома – Сакраменто 101:93, Далас – Мајами 96:105, Портланд – Денвер 116:100 и Бруклин – Орландо 104:96.