Незначителна материјална штета од пожарот на фасадата на владината зграда
Во интервенцијата на Противпожарвната бригада учествувале 6 возила и 15 пожарникари. Истрагата треба да потврди од што настанал пожарот...

Локализиран е пожарот што избувна утринава околу 9 часот во предниот дел на фасадата од владината зграда. Според првичните информации причинета е мала материјална штета.
Во интервенцијата на Противпожарвната бригада учествувале 6 возила и 15 пожарникари. Истрагата треба да потврди од што настанал пожарот.
„Се работи за опожарена фасада, материјалната штета е незначителна, не е дозволено проширување, а како што гледате веќе пожарот е изгаснат. Внатре нема ништо запалено“, потврди командант Благоја Менковски – Противпожарна служба на Град Скопје.
Првично се говори дека пожарот настанал при заварување кое го вршеле работниците. Бил зафатен лесно запалив материјал што овозможил проширување.
Во делот каде избувнал пожарот немало вработени.
Наташа Гркова Петрушевска
