Што е најисплатливо за македонските естрадни музичари?!
Македонските естрадни уметници го земаат најмалиот дел од колачот на балканскиот музички пазар. Иако се дел од него, егзистираат во затворен круг. И во тие рамки ќе може да се функционира подобро, но, потребно е законски да се регулира нивната дејност.
„Музичарите да можат да си остварат стаж и пензиско, да биде регулирано тоа, да може да си набават поефтина опрема да не ја плаќаме најскапа во светот, ние сме во рангот нанајскапите земји за професионална опрема„ вели Благоја Груевски – естраден уметник

Велат свирките надвор од Македонија се поисплатливи. Дома, најголем ќар има од свадбите.
„Имаме работено во Германија, Холандија, Швајцарија, значи дневницата таму не е иста со нашата дневница во Макадонија и бакшижот не е ист. Мислам дека процечна цена е од 450 евра нагоре за бенд за свадба и поисплатливи свирки во Македонија се свадбите за бендовите“ истакна Илчо Миладеновски од фантазија бенд.
Некои од македонските музички легенди ќе речат дека не ги интересираат парите, туку работат од љубов за публиката.
„ Во принцип нас многу пари и не не интересираат, ние работиме од љубов, работиме за публиката,ја работиме музиката. Во денешно време уз музиката мораш да имаш и друго да работиш да живееш само од музика многу би било тешко. Се живее али не така добро порано беше подобро многу подобро„ изјави Панки
„Музичарите имаат многу поголеми вложувања, мислам изведувачите воопшто гардероба, видеоспотови“ изјави Роберт Саздов
Оние кои пеат по клубовите велат дека се живее од свирки, но, има разлика од минатите времиња..
„Има, има разлика по прашање може би на квалитет на публика и по прашање на тоа колку луѓето имаат во својот џеб за да си приуштат се смалија деновите на искачање и на живеење мислам дека интензитетот е тој што си беше но остана само на таа една единствена сабота која им е дадена на луѓето да можат да искочат„ истакна Жаре Бербер
Сите се согласни дека земјите во кои живее македонската дијаспора се местата каде што може да се почувствуваат како вистински уметници, но, сепак тоа е ништо во споредба со она што го заработуваат уметниците од соседството кога ќе дојдат кај нас.
Ана Јосифоска