ЕВН Македонија ќе ја ажурира корисничката база

10.11.2014 13:05

Со наредната сметка сите потрошувачи ќе добијат и посебен формулар во кој на доброволна основа ќе можат да ги внесат потребните лични податоци...

Со поддршка на Дирекцијата за заштита на лични податоци ЕВН Македонија ќе ја ажурира базата со податоци за корисниците на нивните услуги.

Со наредната сметка сите потрошувачи ќе добијат и посебен формулар во кој на доброволна основа ќе можат да ги внесат потребните лични податоци. На овој начин ќе можат да бидат корегирани грешките во името и адресата за достава, со што ќе се овозможи навремена дистрибуција на сметките за потрошена електрична енергија и ќе се избегне исклучувањето поради погрешни податоци за корисникот.

За промена на податоци за починато лице и промена на корисник на приклучок ќе мора да се посети најблискиот кориснички центар на ЕВН, со приложување на потребната документација. 

Свето Николовски