Олеснување за редовните студенти – повеќе нема потреба од доаѓање на шалтер во ФЗОМ
Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ќе ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование...

Студентите веќе нема да мора да прикажуваат потврда во Фондот за здравство, со која треба да докажат редовност во студирањето, со што им се обезбедува здравствено осигурување. Преку електронската потврда 70 илјади студенти се ослободени од оваа обврска.
Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ќе ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование. За оние студенти кои нема да може да ги достават потврдите електронски, ќе остане како досега, да достават потврда во хартиена форма во подрачните служби, соопштија денеска од Фондот.
Ова претставува големо административно олеснување за редовните студенти, за студентските прашања на факултетите, за фирмите со што се овозможува континуирано здравствено осигурување за редовните студенти на возраст од 18-26 години.
