Доделени четири нови решенија за национални пензии
10.11.2014 13:26
Национални пензии добија Вања Лазарова, Раде Силјан, Рамадан Шукри и Миле Бошевски, реномирани доајени на македонската култура, кои со своето творештво оставија значителен белег...

Врачени нови четири решенија за национални пензии. На Вања Лазарова, Раде Силјан, Рамадан Шукри и Миле Бошевски, реномирани доајени на македонската култура, кои со своето творештво оставија значителен белег за идентитетот на македонската култура и уметност.
Нивниот исклучителен придонес во сето она што го имаат направено е од огромно значење и со доделувањето на овие решенија им се оддава благодарност за достигнувањата.
