„Празијада“ во Градашорци: Производството на праз исплатливо за земјоделците
И годинава струмичките производители на праз се претставија со повеќе видови специјалитети од овој зеленчук за чија преработка интерес покажуваат и домашни и странски бизнисмени. Ова производство е субвенционирано од владата по два основа, што го прави исплатливо за земјоделците...

Градашорци по седми пат ги пречека гостите на традиционалната „Празијада“. Домаќинките креативни како и секоја година. Подготвија најразличлни специјалитети од овој зеленчук. Пити, чуреци, куглофи и пици со праз. Велат дека освен што е вкусен, туку е и здрав за јадење.
„Многу е здрав, содржи витамин Ц... Дури и жив да се јаде со секое јадење е полезно“, велат граѓаните.
Дури и жив да се јаде со топкање, е убав, здрав, велат домаќинките- анкета
Градашорци се фалат дека го имаат највкусниот праз во Македонија поради погодната почва. Манифестацијата е можност на маса да седнат со откупувачите, но и агрономите.
„Ние имаме покането и бизнисмени и земјоделци, но и стручни лица кои сугерираат какви видови праз да посејуваат за подобри сорти по квалитет и по количина“, вели Ванчо Стојанов, градоначлник на Василево.
Манифестацијата е финаниски поддржана од министерството за земјоделство. оттаму велат дека ова е можност за промовција на празот, но и другите градинарски култури, кои пак се субвенционирани со програмата за директни плаќања во земјоделството.
„За градинарските култури се обезбедени по 25 илјади денари од хектар и по 1,5 килограм предадени градинарски култури во преработувачки капацитети“, изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.
Општина Василево годишно дава околу 2.000 тони праз.
Катерина Давчева
