Почна процедурата за одземање на мандатите на отсутните пратеници
10.11.2014 13:50
Генералниот секретар треба да подготви список на отсутни пратеници во последниве шест месеци...

Во Собранието почна 21-вата седница, на која што според дневниот ред не е точката за констатирање на оставките од опозициската СДСМ.
Според Кабинетот на претседателот на Законодавниот дом, договорена е средба за координација кај спикерот, а генералниот секретар треба да подготви список на отсутни пратеници во последниве шест месеци.
Натамошната констатација на оставките, потоа е во надлежност на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.
