Бомбашки напад во Нигерија, загинаа 47 ученици
10.11.2014 13:58
Бомбашот самоубиец бил облечен во ученичка униформа за да ја постави направата во училишниот ходник...

47 ученици се убиени 79-мина се повредени при бомбашки напад во нигерискиот град Потискум. Децата кои се повредени веднаш се хоспитализирани, дел од нив се во критична состојба.
Бомбашот самоубиец бил облечен во ученичка униформа за да ја постави направата во училишниот ходник. Учениците беа во бизина кога се слушна голема експлозија, изјави еден од професорите во училиштето.
Локалните власти се сомневаат дека зад нападот стои милитантната група Боко Харам, иако досега никој не ја презеде одговорноста.
