Новогодишно интервју на Премиерот
Нема зголемување на даноците, но ќе има зголемување на платите и инвестициите
Ова во новогодишното интервју за МТВ го најави Премиерот Груевски. Пензионерите и социјалците многу бргу ќе може да се радуваат на покачувањето.
Во март ќе има зголемување на пензиите за 5%, на социјалната помош за 5%, а во септември ќе се зголемат платите во јавниот сектор за 5 %. Тоа е најавено и вградено во буџетот – Рече Груевски
Груевски во неговиот премиерски мандат за успех го смета намалувањето на невработеоста од 38 на 28 проценти и тоа остварено во време под удар на надворешна економска криза, кога во соседството, но иниз светот невработеноста расте. Погодностите кои се наудат на приватниот сектор се клучот вели Груевски...
Животниот стандард на граѓаните се подобрува на еден начин, а тоа е што повеќе инвестиции што повеќе намалување на невработеноста.Поголемиот број на нови работни места носи и конкурентност, така ќе почнат да растат и платите и така ќе има повеќе даноци за уште поголеми плати во јавниот сектор. Таа е формулата – што повеќе инвестиции – смета премиерот
Даноците нема да се зголемат , до сега намален е данокот на добивка од 10 проценти на нула заради можноста за реинвестирање, а во некои сектори се намали и ДДВ-то од 18 на 5 проценти .Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во европа посочи во интервјуто Премиерот Груевски. Јавниот долг изнесува 34 проценти од бруто домашниот производ. Тој најави нови инвестиции во патната инфраструктура, но и влез на странски компании во земјава. Како голем инфраструктурен проект ја посочи гасификацијата, но и изградбата на автопатски делници. Секое ново задолжување е добро пресметано и нема проблем со враќање на доспеаните долгови уверува Груевски.
Миле А. Ристески
