Потпишан Меморандум за соработка за меѓуверска и меѓуетничка почит и разбирање
Целта е продлабочување на соработката меѓу овие институции, а воедно и пример за меѓуетничка и меѓуверска почит и разбирање...

По повод одбележувањето на „Меѓународниот ден на борбата против фашизмот и антисемитизмот“ потпишан е првиот Mеморандум за соработка меѓу Еврејската заедница во Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Целта е продлабочување на соработката меѓу овие институции, а воедно и пример за меѓуетничка и меѓуверска почит и разбирање.
Потишувањето на меморандумот во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија го поздрави амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс за кој рече дека преку него се дава можност да се влијае во решавање на проблемот кон омразата, насилството и теророт.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и официјално ќе започне проектот „Соочување со минатото-цивилна храброст во опасните врамиња“. Овој чин, според организаторите, претставува признавање на заедничка желба за спречување, справување и превенција на омраза и насилство кон која било етничка или верска група.
