Есенако чистење во општина Аеродром
Оваа акција во општината Аеродром е дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и на месните заедници...

Продолжува разубавувањето и одржувањето на хигиената во општина аеродром. Најавени нови проекти, ќе се градат нови паркинзи.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Аеродром, Ивица Коневски и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акција за чистење на општина Аеродром, на паркингот на булевар „Јане Сандански“, зад трговскиот центар „Капитол“.
Трајановски нагласи дека соработката со Општина Аеродром е на високо ниво и тоа резултира со голем број реализирани проекти на територијата на општина Аеродром. Како едни од најголемите инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат на територијата на Аеродром во 2015 година, градоначалникот Трајановски ги наведе почетокот на втората фаза од проектот за реконструкција и проширување на бул. „Трета македонска бригада“, како и продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон населбата Лисиче, на потег од улица „Февруарски поход“ до улица „Тодор Чангов“.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека овие средби и акции за чистење на јавните претпријатија даваат позитивни резултати и дека Општина Аеродром и Градот Скопје и во иднина ќе соработуваат и ќе реализираат проекти со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Аеродром.
