Уште еден мигрант го остави животот на македонските пруги
Станува збор за маж на воздраст од околу 30-тина години. Засега идентитетот е непознат за полицијата бидејќи кај починатиот не се најдени никакви документи за идентификација.

Нова жртва на македонските пруги. Товарниот воз кој се движел на реалација Гевгелија-Скопје, изутринава околу 6 часот удрил во лице кое се движело по пругата во Велес. Пријава за настанот во полиција стигнала од Македонски железници. Подоцна е утврдено дека починатото лице е мигрант кој се движел во група од дваесетина луѓе. Додека истаржните органи правеле увид, наишла друга група на мигранти.
„Првичните сознанија со кои располагаме се дека лицето не се движело во истата група со оние лица кои сега ги имаме обезбедено и првичните сознанија се дека се работи за странски државјанин“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
По завршување на распитот шестмината мигранти од СВР Велес ќе бидат пренесени во Регионалниот центар Југ.
Последните шеесетина дена по железничкиот „Коридор 10“ има зачестени движења на мигранти. Социолозите велат пругара и течението на реките за овие луѓе е ориентација за патот до саканиот Запад. Според нив опасноста по сопствениот живот е занемарлива во споредба со желбата за подобр живот.
„Движењето по пруга е девијантните однесувања, носи сосебе ризик, меѓутоа желбата да се замине во странство особено на Запад по подобар живот сметам дека е поголема од овој ризик“, рече Љубе Лучков, социолог.
Само за десет дена ова е четврта железничка несреќа во која животот го загубија четворица воздрасни мигрант и едно бебе.
Дијана Иванова
