Забраната за влез во Грција за македонска адвокатка стигна до грчкиот Паралемeнт
Македонската адвокатка Трендафилка Сандева од пред три дена е персона нон грата за Грција. На граничниот премин „Евзони“ од грчките граничари добила документ со кој и се забранува влез во оваа земја. Инаку Сандева е ангажирана во случаите за имотите на македонските бегалци од Граѓанската војна и досега неколкупати без проблеми влегувала во Грција. Дел од демократските пратеници со прашање за исправноста на ваквата одлука.

Јанакаки објаснува дека крајна дестинација на адвокатката Сандева и нејзините клиенти бил Солун, каде што на нотар требало да се завери полномошното за грчките адвокати од Грчкиот хелсиншки мониторинг. Забраната за влез во Грција, вели Јанакаки, го направи овој процес екстремно тежок, бидејќи повеќето луѓе што дојдоа не зборуваа грчки или било кој друг јазик што ќе им овозможи да се договорат со луѓето од Грција. Таа, меѓудругото, ги прашува министрите на што се должи забраната и дали ваквиот чекор на Грција е во согласност со Времената спогодба од 95 ?
„Зошто Трендафилка Сандева е на листата на непожелни личности, иако од горенаведеното се чини дека единствената причина е тоа што таа ги брани клиените кои што соработуваат со неа во барањата пред Грчките судови ? Ако станува збор за грешка, дали одлуката ќе биде повлечена, а оштетената ќе добие извинување ? Со оглед на тоа што изгледа дека полицијата ја донела оваа одлука за да спречи слични дејствија во грчкото судство, дали ќе се спроведе дисциплинска и судска истрага за одлуката и ќе се определи обвинувањето? Дали оваа акција на владата е во согласност со Времената Спогодба меѓу двете земји ? И на кои јазици се напишани двојазичните докуменети со одлуките за забрана на влез на преминот Евзони за луѓето со пасоши од поранешната југословенска Република Македонија, за овие луѓе да можат да ги разберат? “, се елементите од прашањето на пратеничката.
Ова не е прв пат пратеничката Марија Јанакаки во грчкиот Парламент да поставува пратенички прашања кои што се однесуваат на неадекватниот однос на грчките власти кон Македонија. Токму таа свовремено ги покрена прашањето за уништувањето на возилата на македонските труристи во северна Грција и за инцидентите што неонацистите од Златна Зора ги правеа на грчко-македонската граница, прашувајќи ги надлежните министри што преземале и дали планираат да ги казнат сторителите. Јанакаки е пратеничката која што во Парламентот ги покренува и прашањата за честите забрани за влез на македонските граѓани во Грција.
Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ
