Се отвораат вратите за извоз на македонско јагне во Кина
11.11.2014 10:16
Агенцијата за храна и ветеринарство веќе го потпиша договорот со надлежните кинески власти за пласман на македонското јагнешко на трпезите на далечниот исток...

Потпишан Протоколот за пласман на јагнешко месо и други млечни производи на пазарот во Кина.
Без ваквиот документ трговијата во овој сектор беше невозможна, а по контролата на кинеските власти за инспекција и карантин, извозот може да почне.
Се проверуваше системот за безбедност на храната од животинско потекло во Македонија, со контролите на Агенцијата и операторите со храна.
Кинезите се интересирале за здравствена заштита на животните, законските прописи, мониторинг плановите и лабораториските капацитети.
Методија Трајков
