Сеуште се трага по убиецот од Кавадарци
11.11.2014 10:24
Граѓаните се во шок и со неверување коментираат како се случило...

Полицијата сеуште трага по сторителот на тројното убиство во Кавадарци.
Граѓаните се во шок и со неверување коментираат како се случило 40 годишниот Тони Станоев да пука во сестрата на неговата сопруга и во нејзините родители.
Осомничениот за убиството бил повеќепати пријавуван за неколку дела, а против него биле поднесувани и кривични пријави за семејно насилство.