Нова рунда разговори за името утре во Њујорк

11.11.2014 10:59

Амбасадорот Нимиц ги покани претставниците на двете земји, Адамантиос Василакис и Васко Наумовски да се сретнат со него во седиштето на светската организација и двете страни ја прифатија поканата...

Разговорите за решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција продолжуваат утре во Њујорк, соопштија од кабинетот на посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Амбасадорот Нимиц ги покани претставниците на двете земји, Адамантиос Василакис и Васко Наумовски да се сретнат со него во седиштето на светската организација и двете страни ја прифатија поканата, информираа од кабинетот на медијаторот.

Нимиц најпрво ќе има одделни средби со Наумовски и со Василакис, а потоа ќе оствари и заедничка средба.