Уапсен сторителот на тројното убиство во Кавадарци

11.11.2014 11:36

Кај осомничениот бил најден и пиштолот со кој најверојатно го извршил делото. Полицијата за време на апсењето испукала во воздух два куршуми...

Полицијата го уапси 40-годишниот кавадарчанец кој завчера ги застрела сестрата на неговата сопруга и нејзините родители, дознава МРТ. 

Кај осомничениот бил најден и пиштолот со кој најверојатно го извршил делото. Полицијата за време на апсењето испукала во воздух два куршуми, како знак за предупредување, поради тоа што осомничениот бил вооружен.

„МВР со целиот свој капацитет преземаше мерки и активности за лоцирање и спроведување на сторителот и пронаоѓање на оружјето. Утрово сторителот е приведен. Обезбедено е и оружјето и понатаму продолжува постапката по однос на целосно завршување на сите истражни дејствија поврзани со ова свирепо трикратно убиство“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Според информациите на МРТ, убиецот е фатен во близина на кавадаречките гробишта и при апсењето наводно прашувал во бунило „Дали се живи?“.  

Осомничениот за убиството бил повеќепати пријавуван за неколку дела, а против него биле поднесувани и кривични пријави за семејно насилство.

 

 

Наташа Гркова- Петрушевска