Економските реформи на ЕУ позитивно ќе влијаат врз земјите- кандидати
Новиот тим на неформалната влада на Европската Унија е фокусиран на економскиот раст и намалување на невработеноста. Тоа реално може позитивно да се одрази и на проширувањето на Европската унија. Македонија има голем напредок во економските реформи, оценува европската комисија...

Фокусирањето на новиот тим на Јункер кон реалната економија, економскиот раст и намалување на невработеноста, освен за државите- членки на Унијата ќе се одрази и на дражавите кандидати за во ЕУ, иако веќе добро е познато дека во наредните 5 години ниту една од нив нема да стане дел од евроспкото семејство, сметаат експертите од Европскиот политички центар.
„Целта на стратегијата е овие држави да продолжат по овој пат. Ова е форма на помош или ако сакате водич во нивната реформска агенда, за да можат државите да го консолидираат напредокот. Стратегијата не треба да се сфати како наметнување нови критериуми“, вели Корина Стартулат.
Како клучен фактор за зголемување на економскиот раст во државите од Западен Балкан, Стратулат ги издвојува странските инвестиции.
„Благодарение на новата стратегија, инвестициската и бизнис средина ќе се подобрат, по што државите членки на ЕУ ќе се охрабрат да инвестрираат во регионот“, смета Стратулат.
Македонија засега има доста сработено на ова поле- оценува Европската Комисија во годишната прогноза за економски раст и развој. Економското заздравување напредува управувано од натамошното зајакнување на домашната побарувачка особено од јавните и старнските директни инвестиции- стои во извештајот.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
