Едукативни часови: Одржано предавање за влијанието на алкохолот и дрогата кај младите
Предавањето, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го посветивме на сообраќајот и употребата на алкохолот, но на едукативните часови...

Во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во координација на Министерствата за внатрешни и за здравство, се одржа предавање за младите за штетните последици од употребата на алкохол, дрога и психотропни супстанци.
„Целта е да превенираме со почетокот на употребата и на сите оние кои почнале да укажеме на последиците кои што може да ги имаат бидејќи оваа возраст е одбележана со експериментирање, самодокажување, поистоветување со модел од околината и при тоа користењето на овие супстанци може да доведе до последици по физичкото здравје, во делот на повреди и сообраќајните незгоди, во однос на психичкото здравје, на социјалното однесување и интерперсоналните односи“, изјави Татјана Баевска Вучковиќ, директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје.
Предавањето, истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го посветивме на сообраќајот и употребата на алкохолот, но на едукативните часови. Таа посочи- не се разгледува употребата на алкохолот само од аспект на ризик фактор во сообраќајот, туку и од аспект на последиците по здравјето на младиот човек.
