Промовиран трудот „Јавна и културна дипломатија“ на Шутаров

11.11.2014 13:35

Ова е прво вакво дело што се осврнува на културата како значајна алатка во политиките меѓу државите...

Промовиран научниот труд на Васко Шутаров „Јавна и културна дипломатија“. Ова е прво вакво дело што се осврнува на културата како значајна алатка во политиките меѓу државите.

Книгата се занимава со повеќе прашања, меѓу кои каква е генезата на развојот на културната дипломатија од крајот на Првата светска војна, преку Студената војна, кои се перспективите на современите културни потфати во дипломатијата, посебно во ерата на забрзан информатички и технолошки развој, и какви се перспективите за заедничка културна политика и дипломатија во заедничкиот европски културен простор на ЕУ и  каде е местото на помалите земји, меѓу кои и нашата земја на  светската културна мапа.