Вулканската лава ја уништи првата куќа во Пахоја на Хаваите
11.11.2014 14:03
Лавата дошла до населбата уште пред две недели, а ги покрила и гробиштата и два објекта...

Река од лава од вулканот Килауеа којашто со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоја, ја уништи и првата куќа-јавува Би-би-си.
Во градот лавата ја запали првата куќа којашто за среќа била празна и горела 45 минути-изјавил шефот на цивилната одбрана Дерил Оливеира. Лавата дошла до населбата уште пред две недели, а ги покрила и гробиштата и два објекта.
Многу од жителите се веќе евакуирани или се подготвуваат да заминат.
