Министерот Јолевски ќе положи венци на воените гробишта во Битола и Прилеп
11.11.2014 14:08
Положувањето венци и комеморацијата на меморијалните гробишта во Битола и Прилеп е по повод годишнината од крајот на Првата светска војна...

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе положи венци на српските, француските и германските воени гробишта во Битола и Прилеп.
Положувањето венци и комеморацијата на меморијалните гробишта во Битола и Прилеп е по повод годишнината од крајот на Првата светска војна и заедничкото одбележување на денот на спомените за сите жртви, ранети и раселени лица од сите војни и сите народи.
