Сеад Шеховиќ, осми странец во МЗТ ?
Нашиот кошаркарски првак МЗТ Скопје стави крај на 2013 со пораз на гости кај словенечка Олимпија, во 14-то коло од АБА лигата. Ужасната трета четвртина во која постигна само осум, а прими дури 27 коша синоќа беше кобна во однос на конечниот епилог на мечот, во којшто Аеродромци имаа одличен почеток и прво полувреме на ниво.

На почетокот на вториот дел од јадранската сезона, МЗТ се наоѓа во своевиден преоден период. Дека постои очигледно незадоволство од резултатите во првите три месеци од сезоната, јасно е и според тоа што по тренерската промена на Вукоичиќ со Мартич, во тек е рекомпонирање на ростерот со повеќе нови имиња. По Маринковиќ, Џонс и Цветковиќ, со МЗТ се поврзува и осми странец. Клубот се уште не потврдува, ниту пак негира, но кошаркарски медиуми тврдат дека наскоро дресот на нашиот првак ќе го облече и црногорскиот репрезентативец Сеад Шеховиќ, бек и ниско крило, којшто лани играше за унгарски Солнок, а сезонава ја почна во германски Бајројт.
Серијата нови засилувања значи дека управата е решена да го крене клубот на повисоко ниво, пред продолжението на сезоната, во којашто МЗТ го очекуваат и настапи на домашната првенствена сцена. Сепак, барем до февруари во фокусот и натаму останува АБА, а прв нареден предизвик во неа ќе биде скопскиот натпревар со Солнок, веќе на 3-ти јануари.