Од 1-ви јануари задолжница со секоја фактура над 300 илјади денари

11.11.2014 15:21

Задолжница не се издава при авансни плаќања, но мора да биде дел од секоја трансакција поголема од определениот износ, без оглед дали се плаќа истиот ден или пак во договорениот рок...

Од први јануари фирмите ќе мораат да издаваат задолжница со секоја фактура поголема од 300 илјади денари. На тој начин ќе се регулираат должничко доверителските односи меѓу компаниите.

Задолжница не се издава при авансни плаќања, но мора да биде дел од секоја трансакција поголема од определениот износ, без оглед дали се плаќа истиот ден или пак во договорениот рок.

Од 1-ви септември до 3-ти ноември 2012-та година биле издадени само 94 задолжници во вкупен износ од 374 милиони денари.

Свето Николовски