Рама во Прешево печекан со овации

11.11.2014 16:11

Рама бил прогласен за почесен граѓанин, се обратил, а ќе се сретне и со бизнисмени...

Албанскиот премиер Еди Рама на вториот ден од официјалната посета  на Србија со црвен ќилим пречекан на  плоштадот во Прешево. Меѓу илјадници граѓани со албански знамиња имало и транспаренти на кои пишувало  Прешево, Медвеѓа и Бујановац се Албанија. 

Рама бил прогласен за почесен граѓанин, се обратил, а ќе се сретне и со бизнисмени. Според српските медиуми тој на лидерите на Албанците во Србија им порачал дека секогаш  ќе биде со своите сонародници,  но дека има обврска да го почитува уставот на земјата во која е гостин.

Сајтот на општина Прешево од попладнево е хакиран од група потпишана како „Српски хакери“. Посетата на Рама во Прешево се одвива под засилено обезбедување и се смета за тензична, особено по последната прес конференција на која албанскиот премиер недипломатски го спомена и прашањето за Косово. Утрово привремено беше затворен и автопатот од Ниш кон македонската граница.