Во Битола и Прилеп одбележана 100 годишнината од Првата светска војна
Некогашните вековни непријатели велат дека нивното надминување на недоразбирањата, треба да биде пример особено за балканските народи. Но таа задача требало да ја извршат самите народи тука. Тоа меѓу себе требало да го надминат и Грција и Македонија и никој друг не можел да помогне тука...

По повод 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна денес на француските гробишта во Битола и германските во Прилеп заеднички цвеќе положија амбасадите на Германија и Франција. Некогашните вековни непријатели велат дека нивното надминување на недоразбирањата, треба да биде пример особено за балканските народи. Но таа задача требало да ја извршат самите народи тука. Тоа меѓу себе требало да го надминат и Грција и Македонија и никој друг не можел да помогне тука.
„Тоа е голема надеж дека тоа е можно тука и на Балканот, но тоа е задача која државите на Балканот треба сами да ја обработат, Европа ќе помага, но задачата е на самите народи“, истакна Кристине Алдхаузер, амбасадор на Гермнанија во Македонија.
Но за жал на Балканот и во 21 век, се уште е буре барут. Народите не се почитуваат помеѓу себе, има негирање на цели нации, опстојуваат идеи за создавање на големи држави.
„Нема друг начин освен помирување, нема друг начин освен дијалог, овие млади животи загинати тука нека бидат пример и за целиот Балкан дека е можно и треба да има помирување“, рече Лоранс Оер, амбасадор на Франција во Македонија.
На свеченоста присуствуваа претставници од скоро сите амбасади кај нас, потпретседалите на собранието, и министерот за одбрана Јолевски.
„Денес сме земја која со Франција и Германија има одлични сојузнички односи, нашите војници учествуваат со нив заедно во мировни мисии, и оваа порака нека биде дека памтејќи го минатото заслужуваме денес да Македонија биде рамноправна членка на НАТО, заедно со Франција и Гермнаија“, истакна Антонио Милошески, потпретседател на Собранието.
Дали балканскиот национализам ќе се надмине себеси и по примерот на Европа ќе започне да создава заеднички вредности, останува да покаже времето, но засега за жал тоа многу тешко ни оди.
Дарко Штаргоски
