Тепачка на професори со татко и роднина на ученик во ЕМУЦ
11.11.2014 16:33
Тие влегле на час и вербално но и физички го нападнале професорот, кому му притрчале негови колеги во одбрана и настанала тепачка – потврди МВР...

Попладнето тепачка во Електро-машинскиот училишен центар(ЕМУЦ) во Скопје меѓу професори и татко и роднина на ученик. Ученикот рекол дека од неговиот професор додека траел часот бил удрен по што ги повикал роднините. Тие влегле на час и вербално но и физички го нападнале професорот, кому му притрчале негови колеги во одбрана и настанала тепачка – потврди МВР.
Извршен е разговор со професорите, едниот од нив негирал дека го удрил ученикот. Со роднините ќе се разговара подоцна, а јавен обвинител ќе одлучи каков вид пријава ќе покрене против учесниците во тепачката.
