Разрешена крвавата драма во Тиквешијата

11.11.2014 16:47

МВР официјално потврди дека сторителот е уапсен и дека оружјето со кое е извршено убиството е обезбедено по што ќе се продолжи со сите истражни дејствија...

Падна осомничениот за трикратното убиство од Кавадарци. Уби тројца членови на  семејството  Леови, ама ја сакал  главата на сопругата Даниела. Наоружан  отишол на гробиштата кадешто требало да бидат погребани  убиените, нејзините родители и сестра. Со два куршума во пиштолот со кој го стори грозоморниот чин стигнал на гробиштата. Не успеал во намерата зашто таму бил уапсен. Но кавадарчани се сеуште во шок.

„Страшна работа... Не паметам да се случило нешто вакво... Сега коментиравме, ова не е добро“, велат кавадарчани.

Откако во нивниот дом ги уби родителите и сестрата на поранешната сопруга Илија, Билјана и Снежана Леови. Убиецот се даде во бегство. МВР официјално потврди дека сторителот е уапсен и дека оружјето со кое е извршено убиството е обезбедено по што ќе се продолжи со сите истражни дејствија.

На гробиштата во кавадарци, се чини заврши драмата што го потресе овој мирен град. После грчот во кој беа последните два дена, жителите ќе можат да се соземат и да продолжат со секојдневието.

Даниела го пријавувала нејзиниот сопруг тони за семејно насилство по што пред неколку месеци и дефинитвно се развела од него. Судот и ги доделил децата, а тој постојано му се заканувал на нејзиното семејство.

 

Фиљана Кока