Македонската кошаркарска репрезентација ќе добие нов селектор

Утре - промоција на Џикиќ

29.12.2013 17:09

Најдобрата машка кошаркарска репрезентација утре официјално ќе го добие новиот селектор. Српскиот стручњак Aлександар џикиќ ќе биде промовиран за предводник на нашиот национален тим. Тренерот на словенечка Kрка ќе го пополни местото коешто остана испразнето, откако Aлеш Pипан заврши со селекторските обврски по септемврискиот настап на Eвропскиот Шампионат во Словенија.

Пред доаѓањето на Џикиќ во Скопје, фотографија на новиот селектор со македонски национални обележја се појави на  социјалните мрежи. Со Џикиќ на селекторската клупа, македонската репрезентација налето низ квалификации ќе се обиде третпат едноподруго да избори пласман на Европско Првенство. Наредното е во Украина во 2015.