Италија

Ослободени научниците обвинети за загинатите во земјотресот што ја погоди Лаквила

11.11.2014 17:22

Научниците претходно беа осудени дека лажно го смирувале населението иако земјата се тресела 6 дена пред катастрофата...

Во Италија со критики беше дочекана одлуката на апелациски суд да ги ослободи 7-темина научници обвинети за 309-те загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Лаквила 2009-та.

„Мртвите нема да се вратат, но нема ни правдата“, вели една жена.

Научниците претходно беа осудени дека лажно го смирувале населението иако земјата се тресела 6 дена пред катастрофата.