Попоски во Брисел, утре на средба со Комесарот за проширување Јоханес Хан

11.11.2014 17:25

Новиот еврокомесар за проширување го крши мразот со министерот Попоски, прва средба со претставник на земја – кандидат за членство во Унијата...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски од попладнево е во Брисел. На денешната агенда – средба со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, со Алојз Петерле, со европратеници, а ќе учествува и на мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска унија.

На средбите е предвидено да се разговара за перспективите на евроинтеграцискиот процес на Македонија и за препораките од последниот извештај на комисијата.

Утре Попоски се среќава со новиот комесар за проширување, австриецот Јоханес Хан, кому ова ќе му биде прва средба со претставник од земја – кандидат за членство во Европската унија.