ЕУ нема да помага на невработените кои се селат во побогатите држави

11.11.2014 18:54

Земјите членки веќе не се обврзани да ги помагаат невработените Европејци кои се селат во побогатите држави...

Европската Унија го ограничува правото на слободно движење со укинувањето на праксата на „туризам за бенефиции“. Земјите членки веќе не се обврзани да ги помагаат невработените Европејци кои се селат во побогатите држави.

„Ако некој доаѓа во Германија за да најде работа, тогаш нема право на бенефиции, исто како и тој што не бара работа, а само сака да живее овде“, изјави Улрих Мали, претседател на Асоцијацијата на германски градови.