НБА Лига

Антиќ ја спаси Атланта со тројка на три секунди до крајот

29.12.2013 17:13

Перо Антиќ ја искористи шансата да одигра значајна ролја во еден НБА триумф на Атланта Хоукс. Најзаслужен е што неговиот тим избегна пораз од Шарлот Бобкетс во регуларното време, за потоа, по дополнителни пет минути да запише втор последовен успех изборен по продолжение. 

Перо Антиќ ја искористи шансата да одигра значајна ролја во еден НБА триумф на Атланта Хоукс. Најзаслужен е што неговиот тим избегна пораз од Шарлот Бобкетс во регуларното време, за потоа, по дополнителни пет минути да запише втор последовен успех изборен по продолжение. 

Македонскиот кошаркарски репрезентативец постигна тројка на три секунди до крајот, со којашто на Атланта и донесе израмнување на 101-101. Од исклучително тешка позиција, речиси надвор од баланс, од невозможен шут ги даде своите единствени поени на мечот, коишто им го отворија патот на Хоукс кон 17-та победа во 30-от натпревар сезонава. На крајот Атланта победи со 118-116, по што е трета на источната табела, а има вкупно десетти биланс во лигата.

Поради повредата на Ал Хорфорд, Антиќ доби значително поголема минутажа. За 22,5 минути на паркетот, покрај трите поени оствари и дури седум асистенции, четири скока, три блокади и една украдена топка. Најефикасни поединци во победничкиот состав беа Пол Милсап со 33, Лу Вилијамс со 28 и Џеф Тиг со 20 коша.

Ноќешната програма во нба содржеше уште 10 други меча, во кои немаше изненадувања.. Најдраматично беше во Портланд, каде што шампионот Мајами, без повредениот Леброн Џејмс, славеше над Блејзерс со 108-107 со тројката на Крис Бош на половина секунда до крајот. Тој беше лидер на „жешките“ според ефектот од вкупно 38 поени и 10 скокови, додека Двејн Вејд придонесе со 16, а Мајкл Бизли со 12 поени.

На другите терени: ЛА Клиперс – Јута 98-90, Феникс – Филаделфија 115-101, Милвоки – Минесота 95-117, Мемфис – Денвер 120-99, Хјустон – Њу Орлеанс 107-98, Чикаго – Далас 83-105, Вашингтон – Детроит 106-82, Торонто – Њујорк 115-100, Индијана – Бруклин 105-91 и  Бостон – Кливленд 103-100..