Нова рунда разговори за името во Њујорк

12.11.2014 08:33

Нимиц ќе има одделни средби со Наумовски и Василакис, а потоа и заеднички разговори...

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска во Њујорк ќе се сретне со македонскиот претставник амбасадорот Васко Наумовски и со грчкиот дипломат Адамантиос Василакис.
 
Средбите со претставниците на двете земји ќе се оджат во седиштето на ОН. Нимиц ќе има одделни средби со Наумовски и Василакис, а потоа и заеднички разговори.
 
Целта на средбите, според најавата од прес-службата на ОН, е да се продолжат напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.