Нови трактори за сточарите преку ИПАРД
12.11.2014 10:11
Преку ИПАРД сточарите ќе можат да купат трактори за производство на добиточна храна. Од истите пари ќе може да се покријат и половина од трошоците за изградба на нова фарма...

За кофинансирање на трактори, механизација и опрема за производство на добиточна храна, земјоделското стопанство треба да произведува и млеко.
За еден тактор треба да имаат најмалку 5 крави, 150 овци или 30 кози.
Пари од ИПАРД можат да се побараат за градба, реконструкција и осовременување на шталите, складирање на ѓубривото па дури и за системи за прскање на кравите на големи горештини.
Финансиската поддршка е со ко-финансирање на 50 проценти од реализираните проекти.
Инвестициите се контролираат 5 години и не смеат да се продаваат.
Методија Трајков
