Шах

Ананд го возврати ударот

12.11.2014 10:17

По загубената втора партија, Индиецот со бели фигури одигра фантастично и успеа да се реваншира...

Возбудувањата во Сочи продолжуваат! Вишванатан Ананд го израмни резултатот во мечот за титулата светски шаховски првак, против Магнус Карлсен.

По загубената втора партија, Индиецот со бели фигури одигра фантастично и успеа да се реваншира.

Сосојбата во мечот е 1.5:1.5 поен.Четвртата партија во која белите фигури ќе ги води Карлсен  ќе се одигра денеска.

Дуелот во Сочи е предвидено да трае 12 партии.