Започна снимањето на „Ослободувањето на Скопје“ во Битола
12.11.2014 10:49
Снимањето на филмот почна во објектите на улицата „Кирил и Методиј“, каде според зборовите на продуцентот на филмот, Владимир Анастасов ќе се снима се до 10-ти декември...

По Велес, во Битола продолжи снимањето на играниот филм „Ослободувањето на Скопје“ во режија, но и во главната улога на Раде Шербеџија.
Снимањето на филмот почна во објектите на улицата „Кирил и Методиј“, каде според зборовите на продуцентот на филмот, Владимир Анастасов ќе се снима се до 10-ти декември, до кога оваа улица ќе биде затворена за сообраќај.
Инаку филмот се снима со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија, Финскиот филмски фонд, како и со поддршка на Хрватскиот аудиовизуелен центар.
