Ракометната репрезентација го заврши првиот дел од подготовките

29.12.2013 17:20

Подготвителниот дел во Пореч го остави зад себе. Македонската ракометна репрезентација ќе го мине во Скопје празничниот период, по што ќе и се посвети на завршната глазура на формата пред јануарскиот настап на Европскиот Шампионат во  Данска.

Подготвителниот дел во Пореч го остави зад себе. Македонската ракометна репрезентација ќе го мине во Скопје празничниот период, по што ќе и се посвети на завршната глазура на формата пред јануарскиот настап на Европскиот Шампионат во  Данска.

Малерозната серија повреди и отпаѓањето од комбинација на Наумче Мојсовски и на Филип Лазаров, неуспешниот обид Ренато Вугринец, и покрај доделениот македонски пасош, да стане член на националниот тим, како и поразот од Словенија во единствената контрола синоќа во Трбовље, му дадоа тон на декемврискиот подготвителен период. И бидејќи пред новото учество на голем настан Македонија остана без вистинска опција за позицијата лев бек, селекторот Ивица Обрван дополнително го повика Бранислав Ангеловски, кој првично не се најде во потесниот избор играчи. Развојот на настаните веројатно значи дека за него речиси сигурно ќе има место во авионот за Данска.

Поразот од Словенците не значи ништо, компонирањето на играта е се уште во тек.. Соочен со кадровските проблеми коишто нарушија голем дел од плановите, Обрван допрва ќе ги составува најситните делчиња од мозаикот, а во функција на тоа ќе бидат двата подготвителни меча со Црна Гора и со Србија на 3-ти и на 5-ти јануари во Скопје. Дотогаш на ракометарите им преостанува уште некој тренинг во главниот град и мал празничен одмор, по кој ќе го земат завршниот залет кон Хернинг..