Попоски на прва средба со Јоханес Хан
12.11.2014 10:55
Попоски вчера имаше средби со известителот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, како и средби со повеќе европарламентарци...

Во Брисел, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, за првпат ќе се сретне со новиот Еврокомесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
Попоски вчера имаше средби со известителот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, како и средби со повеќе европарламентарци.
Министерот Попоски ги запозна европските пратеници со препораките за почнување на преговорите во пресрет на декемврискиот самит на Унијата.
