Исчезна тригодишно дете во Штип
12.11.2014 12:54
Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, кој рекол дека детето тргнало кон домот на неговиот дедо и од тогаш му се губи секаква трага...

Тригодишниот Чинар Сулејманов од Штип од вчера попладне е исчезнат. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, кој рекол дека детето тргнало кон домот на неговиот дедо и од тогаш му се губи секаква трага.
Полицијата во текот на ноќта го пребарувала градот, но засега нема никаква трага за тригодишното дете.
